• среда, 24 јули 2024

Отворање на нов иновативен центар и академија за одржлив развој во Виница

Отворање на нов иновативен центар и академија за одржлив развој во Виница
Скопје, 12 ноември 2021 (МИА) - Нов иновативен центар „Винчини“ и академија за одржлив развој „Прогресив“ ќе бидат свечено отворени денеска во рамки на компанијата „Макпрогрес“ ДОО – Виница. Станува збор за нов мултидисциплинарен објект со простории за обука и соработка, со области за истражување и развој, со лаборатории за сензорна анализа и за креативно пакување и со изложбени салони. Почетокот на работата на иновативниот центар и академијата, како што е најавено, ќе ги одбележат генералниот директор на „Макпрогрес“ ДОО – Виница Глигор Цветанов, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и шефот на Канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси. аа/вг/

Остани поврзан