Отворање на изложба „Пејзаж на тишината“ од авторот Маја Николовска
- Во Галеријата „КО-РА“- (салон сутерен) во Дом на култура „Кочо Рацин“ -Скопје вечер ќе биде отворена изложбата насловена „Пејзаж на тишината“ од авторот Маја Николовска, во рамки на кандидатурата на Скопје за престижната титула Европска престолнина на културата 2028 година.
Скопје, 29 септември 2023 (МИА) - Во Галеријата „КО-РА“- (салон сутерен) во Дом на култура „Кочо Рацин“ -Скопје вечер ќе биде отворена изложбата насловена „Пејзаж на тишината“ од авторот Маја Николовска, во рамки на кандидатурата на Скопје за престижната титула Европска престолнина на културата 2028 година.
Проектот е поддржан од Град Скопје и од Дом на култура „Кочо Рацин “ - Скопје во рамки на годишната програма од областа на визуелните уметности и претставува збогатување на културната понуда за граѓаните и за сите посетители.
Авторката ќе се претстави со шеесеттина дела. Изложбата е од мултимедијален карактер, содржи комбинирани техники, слики во акрилна техника, графики, дизајнерски накит, изработки на сликарски моден дизајн, минијатурни пејзажи на камен, како и етно и еко-торби со изразен сликарски печат на авторката Маја Николовска. Делата претставуваат спој на реалното и апстрактното. Во овој мултимедијален проект, дел од делата ќе бидат претставени и на видео проекција.
Ова е нејзина седма самостојна изложба. Како визуелен уметник, добитник е на многубројни награди позначајни од нив се: Прва награда за најдобро дело на изложба во 2012 -,,Жената симбол и инспирација” во Галерија ,,Ко-Ра” при Ј.У. Домот на културата -,, Кочо Рацин” - Скопје. Прва награда на Фестивал во 2004 година. Има учествувано на околу 70 тина групни изложби и колонии во земјава и во странство. цр/лв/
Фото: Виолета Калиќ, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура