• недела, 30 јуни 2024

Отворање на изложба „Носталгија” на ликовниот уметник Драган Гелев 

Отворање на изложба „Носталгија” на ликовниот уметник Драган Гелев 

Скопје, 18 септември 2023 (МИА) - Со наслов „Носталгија” вечерва во ЈУ Младински културен центар ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Драган Гелев. 

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 31 септември 2023 година и има хуманитарен карактер. Сите средства од продадените дела ќе бидат донирани на фондацијата „Д-р Симеон Василев".

Досега неговите дела се изложувани на групни изложби во Базел и Цирих, Швајцарија, каде што живее и твори. Во септември 2021 година од страна на весникот Nau.ch бил прогласен за уметник на месецот.

Критичарката Маја Живановиќ за делата на Гелев вели дека творештвото на Драган Гелев припаѓа на перфомативното, односно акциско сликарство бидејќи самото платно е акциона плотна на која уметникот делува со брзи потези и интензивни бои создавајќи метафора на човекова и уметничка слобода што предизвикува различни асоцијации кај гледачот или обичниот набљудувач.

Драган Гелев e роден 1984 година во Штип. Со сликање се занимава од најраните училишни денови и продолжува до ден денес да ја негува сликарската уметност. Автор е на повеќе од 200 авторски дела работени во различни техники. Неговата уметност припаѓа на модерниот експресионизам, апстрактната уметност и акционото сликарство. цр/мд/

Фото: ЈУ Младински културен центар 

 

Остани поврзан