• петок, 05 декември 2025

Отворање на изложбата „Никогаш незаљубен" на Дарко Алексовски

Отворање на изложбата „Никогаш незаљубен

Скопје, 28 април 2025 (МИА) - Во Францускиот институт во Скопје вечер од 18 часот ќе биде отворена изложбата „Никогаш незаљубен" на уметникот Дарко Алексовски.

Изложбата комбинира писма напишани на машина за пишување и серија цртежи во голем формат кои создаваат асоцијативен морски пејзаж, евоцирајќи битовo сликарство.

-Оваа изложба претставува можност да се запознаете со делата на визуелниот уметник Алексовски, чија уметничка практика се формира преку работа со слики и креативно пишување. Тој во  оваа изложба, преку две меѓусебно поврзани дела - „Љубовни писма до осаменоста" и „Бранови", ги отсликува размислите за љубовта, сеќавањето и променливоста на човечките врски, соопшти Францускиот институт-Скопје за изложбата чиј куратор е Мелоди Робин.

Ова дело на Алексовски е веќе изложувано во студиото на Private print и во галерии во Сплит и Марибор, со адаптација на поставката. хс/ев/

Фото: Француски институт-Скопје 

 

 

Остани поврзан