• петок, 17 мај 2024

Осум лица заразени со КОВИД-19 од Чемпионшип дивизијата на Англија

Осум лица заразени со КОВИД-19 од Чемпионшип дивизијата на Англија
Брентфорд, 17 јуни 2020 (МИА) - Осум лица од второто ниво на англискиот фудбал - Чемпионшип, дадоа позитивни тестови за КОВИД-19 за време на тестирањето на клубовите минатата недела. Здравствените власти зедоа вкупно 2.213 примероци, од кои осум беа позитивни, поделени во шест тима. Не е прецизирано колку од заразените се фудбалери и колку тренери или други вработени. Тимот на Брентфорд, кој ќе ја продолжи сезоната во Чемпионшип со натпревар против Фулам во сабота, потврди дека еден од заразените со коронавирус е вработен во клубот, но не и фудбалер. Од сезоната во Чемпионшип остануваат уште 108 натпревари, вклучувајќи ги и плеј-офот за влез во Премиер лигата. Во исто време, четири лица од два клуба во Лига 1, исто така, се тестираа позитивно за коронавирус. Во третото и четвртото ниво на англискиот фудбал, ќе се играат само плеј-офот за промоција, во кои спаѓаат екипи од трето до шесто место во пласманот. Секој што се тестирал позитивно, ќе мора да биде ставен во карантин и нема да може да се врати во својата екипа пред да се тестира негативно за вирусот.

Остани поврзан