• понеделник, 23 декември 2024

Осумдесет товарни моторни возила упатени на вонреден технички преглед

Осумдесет товарни моторни возила упатени на вонреден технички преглед
Скопје, 11 октомври 2022 (МИА) - На територијата на Република Северна Македонија во текот на вчерашниот ден во периодот од 9 до 14 часот, била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат товарни возила. За време на контролата 80 возило биле упатени во станица за вонреден технички преглед. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од вкупниот број неисправни биле 57 товарни моторни возила и тоа: седум за техничка неисправност на уредот за запирање, шест за претовар, шест за неправилно сместен и небезбеден товар, а 14 возачи управувале без возачка дозвола. При контролата санкционирани се и 104 останати прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.фф/бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан