• сабота, 21 декември 2024

Остин ќе ги посети Грузија, Украина и Романија

Остин ќе ги посети Грузија, Украина и Романија
Вашингтон, 16 октомври 2021 (МИА) - Американскиот министер за одбрана Лојд Остин викендот ќе отпатува за Европа, при што ќе ги посети Грузија, Украина и Романија, а на крајот од следната недела ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. - Министерството за одбрана силно ги поддржува своите европски сојузници и партнери наспроти дестабилизирачките акции на Русија во важниот регион на Црното Море, а министерот со нетрпение очекува да се сретне со своите колеги и други високи претставници за да ја потврди американската посветеност кон безбедна, стабилна и просперитетна Европа, се наведува во соопштението на американското Министерство за одбрана. Во Тбилиси, Остин ќе се сретне со премиерот Иракли Гарибашвили и министерот за одбрана Јуаншер Бурчулаѕе за да изрази поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија, да разговара за билатералната безбедносна соработка и да поттикне посилна регионална соработка во регионот на Црното Море. Во Украина, Остин ќе се сретне со претседателот Володимир Зеленски и министерот за одбрана Андриј Таран за да разговараат за „суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, како и реформите во одбранбената индустрија во земјата. Додека Остин во Романија ќе има средба со претседателот Клаус Јоханис и министерот за национална одбрана Николај Јонел Цуц. Тој ќе ги посети и американските војници во воздухопловната база Михаил Когалничеану. На 21 и 22 октомври Остин во Брисел ќе присуствува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО и ќе разговара со генералниот секретар Јенс Столтенберг за забрзување на трансформацијата што треба да гарантира дека Алијансата е „подготвена за предизвиците во иднината“. ми/

Остани поврзан