• сабота, 11 мај 2024

Остин во Германија на состанок на Контакт групата за одбрана на Украина

Остин во Германија на состанок на Контакт групата за одбрана на Украина

Вашингтон, 18 септември 2023 (МИА) – Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин отпатува за Германија каде ќе претседава со 15-от состанок на Контакт групата за одбрана на Украина.

- Ќе се сретнам со коалициските партнери од речиси 50 земји за да разговарам за тековната војна во Украина, за безбедносната помош и да ја зголемиме нашата поддршка за Украина во нејзината борба за одбрана на нејзиниот суверенитет, напиша Остин на платформата Х.

Контакт групата за одбрана на Украина утре ќе се состане во воздухопловната база Рамштајн во Германија.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров се очекува да ја одржи својата прва тет-а тет средба со Остин. јт/

Фото: Х

Остани поврзан