Оставен куфер во близина на банкомат на Меѓународната автобуска во Скопје, нема опасност за граѓаните
- Од МВР за МИА потврдија дека денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица- Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер.

Скопје, 28 јуни 2022 (МИА) - Од МВР за МИА потврдија дека денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународната автобуска станица - Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер.
- Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за едно лице кое го оставило куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните, соопштија од МВР. цр/дма/