Осомничениот за убиството на четири жени во Мемфис изврши самоубиство
- Напаѓачот кој отвори оган на три локации во Мемфис, Тенеси, при што уби четири жени, а петта тешко рани, се самоуби во својот автомобил, соопшти локалната полиција.

Мемфис, 19 ноември 2023 (МИА) - Напаѓачот кој отвори оган на три локации во Мемфис, Тенеси, при што уби четири жени, а петта тешко рани, се самоуби во својот автомобил, соопшти локалната полиција.
Полицајците го пронајдоа Мејвис Кристијан Џуниор (52) во неговиот автомобил, откако уби три жени, една тинејџерка и критично рани уште една тинејџерка.
„Полицајците одговорија на пријавата за пукање на Хауард Драјв околу 21:30 часот. Истрагата утврди дека овој инцидент е поврзан со уште две престрелки и дека се работи за истиот осомничен“, соопшти полициската управа во Мемфис, додавајќи дека станува збор за семејно насилство. паг/
Фото: МИА архива