Основните и средните училишта во Битола подготвени за второто полугодие
- Основните и средните учичишта во Битола се подготвени за почеток на наставата во второто полугодие, изјави градоначалникот Тони Коњановски по денешната посета на средното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“.

Битола, 17 јануари 2025 (МИА) - Основните и средните учичишта во Битола се подготвени за почеток на наставата во второто полугодие, изјави градоначалникот Тони Коњановски по денешната посета на средното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“.
Во училиштето се реализирани инвестициите за подобрување на условите во училишната зграда, но и набавка на нова ИТ и друга опрема, посочи Коњановски.
-Освен во ова училиште, се работи на подобрување на условите и во другите училишта, а веќе се прават подготовки и за реализација на нови проекти за изградба и реконструкција на спортски игралишта и сали во состав на воспитно образовните установи во општината, нагласи Коњаносвки.
Со средства на Општина Битола, во СОУ „Кузман Шапкарев“ извршена е набавка на нагледни средства од 250.000 денари за практична настава и обука на учениците кои учат на агрономските насоки, извршено е реновирање на четири работни простории и два кабинети во вредност од 1.6 милиони денари, и набавена е компјутерска опрема во вредност од 70.000 денари. мт/сст/
Фото: Општина Битола