Осмо издание на културната манифестација „Денови на Иљо“
- Во Центарот за култура Иљо Антески-Смок“ во 18 часот е предвидено свеченото отворање на манифестацијата со читање на песни, афоризми и настап на детскиот фолклорен ансамбл.
Тетово, 4 јуни 2025 (МИА) - Културно уметничкото друштво „Иљо Антески-Смок“ од Тетово вечерва ја организира осмата по ред Меѓународна културна манифестација „Денови на Иљо“.
Во Центарот за култура Иљо Антески-Смок“ во 18 часот е предвидено свеченото отворање на манифестацијата со читање на песни, афоризми и настап на детскиот фолклорен ансамбл.
-Од 18 часот и 30 минути програмата предвидува отворање на групната изложба со цртежи на платно од страна на најмладите членови од Клубот на ликовни уметници „Иљо Антески-Смок“под менторство на Татјана Антевска Марковска, информираат од Друштвото.
Последен дел од манифестацијата со почеток во 19 часот е премиера на детската драмска претстава „Двете мали самовили“ на членовите на Драмското студио „Иљо Антески-Смок“ под менторство и режија на Ангелина Костовска. ас/нд/
Фото: КУД „Иљо Антески-Смок“ Тетово