• недела, 22 декември 2024

Осмен пристигна во Истанбул: Навивачите на Галатасарај го пречекаа како цар

Осмен пристигна во Истанбул: Навивачите на Галатасарај го пречекаа како цар

Истанбул, 3 септември 2024 (МИА) - Нигериецот Виктор Осимен веќе стана нов миленик на навивачите на Галатасарај, иако нема одиграно ниту една секунда за клубот од Истанбул, но ни формално не е член на овој тим.

И покрај тоа, симпатизерите на Галата очекуваат многу од него, па по неговото пристигнување во Турција го пречекаа како вистинска ѕвезда и му ставија до знаење што очекуваат од него.

Поранешниот напаѓач на Наполи беше на прагот да се пресели во Саудиска Арабија, но кога тој трансфер пропадна во текот на преодниот рок, Нигериецот реши да ја прифати понудата на турскиот тим и да пристигне на Босфор како позајмен играч.

Челниците на Галатасарај се договорија да ја преземат платата за играчот која е 10 милиони евра, а Нигериецот во договорот вметна клаузула дека може да го напушти клубот веќе во јануари доколку добие понуда која ќе го задоволи.

Осмен во изминатите четири години настапуваше за италијанскиот клуб и ја освои шампионската титула во 2023 година со „наполитанците“, а таа сезона беше и најдобар стрелец во Серија „А“. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан