Османи утре во Киев, ќе учествува на основачкиот Самит на Кримската платформа
- Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска патува во Киев, Украина, каде утре ќе учествува на основачкиот Самит на Кримската платформа.
Скопје, 22 август 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска патува во Киев, Украина, каде утре ќе учествува на основачкиот Самит на Кримската платформа.
Кримската платформа, како што информираат од МНР, е иницијатива на Украина, за обединување на меѓународните напори за состојбите околу Крим.
На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат претставници на повеќе од четириесет земји, меѓу кои голем број земји членки на ЕУ и НАТО, кои ќе бидат претставени на високо ниво вклучително и девет претседатели, неколку премиери како и министри за надворешни работи. аа/