Османи - Турковиќ: Заемно задоволство за позитивната динамика во развојот на билатералните односи
- Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на маргините на министерскиот состанок во рамки на Берлинскиот процес, остварил билатерална средба со заменик претседавачот на Советот на министр

Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на маргините на министерскиот состанок во рамки на Берлинскиот процес, остварил билатерална средба со заменик претседавачот на Советот на министри и министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ.
На средбата било истакнато заемно задоволство за позитивната динамика во развојот на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина,а биле разменети мислења околу можностите за натамошно унапредување, со посебен осврт врз економската соработка, која заостанува во однос на блиските и отворени политички односи.
- Препорака на Европската Комисија да се додели кандидатски статус за членство во Унија е секако исклучително важна за граѓаните на Босна и Херцеговина и нивната иднина, но не помалку важна и за регионот на Западен Балкан, особено како порака до оние кои имаат поинакво гледање за местото и улогата на Босна и Херцеговина, истакнал Османи, се наведува во соопштението од МНР.
Османи ја нагласил ја поддршката на Република Северна Македонија за европскиот и евроатлантскиот пат на Босна и Херцеговина, како и подготвеноста и отвореноста за споделување на искуства на овој план.
Соговорниците се осврнале и на актуелните состојби во регионот и пошироко, како и економските и енергетски предизвици поврзани со руската воена агресија во Украина. цр/са/


