• петок, 05 декември 2025

Османи со пакет мерки за пензионерите: финансиска поддршка, мобилна болница и „Картичка Златни години“

Османи со пакет мерки за пензионерите: финансиска поддршка, мобилна болница и „Картичка Златни години“

Скопје, 26 август 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денес ја претстави својата програма посветена на пензионерите, со која се најавуваат конкретни мерки за подобрување на животот на повозрасните сограѓани, се вели во соопштението од ДУИ кое МИА го пренесува интегрално. 

„Во Чаир живеат над 7.400 пензионери, вашиот глас, вашето искуство и мудрост се столбот на нашата заедница. Затоа, во мојот мандат вие ќе бидете први,“ порача кандидатот.

Програмата “Со срце за возрасните” предвидува:
- еднократна финансиска поддршка за пензионерите со најниски примања
- „Картичка Златни години“ со попусти на лекови и основни производи;
- мобилни тимови за домашна здравствена и социјална грижа;
- прва мобилна болница во Чаир со бесплатни прегледи во маалата;
- субвенции за престој во домови за стари лица;
- еднодневни излети, екскурзии и културни посети;
- реновирање и буџет за активности на пензионерските клубови;
- проект „Никогаш доцна за нови знаења“ со бесплатни курсеви за дигитални вештини

„Сакам достоинствена старост за сите. Ова се реални мерки со конкретен буџет и партнери. Почитта значи секојдневна и вистинска грижа, а вие тоа ќе го почувствувате секој ден во Чаир,“ истакна кандидатот.

ДУИ

Фото ДУИ

Остани поврзан