• сабота, 09 ноември 2024

Османи: На средба со амбасадори изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

Османи:  На средба со амбасадори изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

Скопје, 15 мај 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на „Фејсбук“ информира дека на средби со амбасадорите на САД, Германија, Велика Британија и Холандија изразил загриженост за, како што наведува, компромитирањето на изборниот процес. 

- Ја изразив мојата загриженост во врска со компромитирањето на изборниот процес со произволни одлуки на ДИК со цел да се украде изборната волја со правење политички инженеринг со одлуките за прегласување, пишува во објавата.

Османи укажал и на неопходноста за почитување на Охридскиот и на меѓународните договори, како и на вложувањето во реформската агенда за евроинтеграцискиот процес на државата. 

Европскиот фронт предводен од ДУИ обвинува за политички инженеринг во ДИК со цел да им се одземат еден до два пратенички мандати со прифаќањето на приговори за прегласување на одредени избирачки места. бак/лв/

Фото: Фејсбук статус

Остани поврзан