• сабота, 16 ноември 2024

Османи на состанок во Бриндизи со Антонио Тајани, Марија Габриел и Олта Џачка

Османи на состанок во Бриндизи со Антонио Тајани, Марија Габриел и Олта Џачка

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Италија, каде заедно со потпретседателот на Советот на министри и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани, бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел и министерката за надворешни работи на Албанија, Олта Џачка ќе одржат квадрилатерален министерски состанок во Бриндизи.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат конкретните начини за унапредување на соработката и поддршката на имплементацијата на паневропскиот Коридор VIII што ги поврзува Јадранското и Црното Море.

Овој прв квадрилатерален министерски состанок се очекува да прерасне во политичка платформа, која ја иницираше министерот Бујар Османи, уште во 2021 година.

Иницијативата 8 (И8) е замислена како политичка платформа која ќе обезбеди дополнителен форум за унапредување на меѓусебната соработка и интензивирање на политичката, економската, безбедносната, културната и социјалната размена меѓу четирите држави долж Коридорот VIII. нд/лв/

Остани поврзан