• вторник, 24 декември 2024

Османи на координацијата со Клинички центар за претстојниот Министерски совет на ОБСЕ

Османи на координацијата со Клинички центар за претстојниот Министерски совет на ОБСЕ

Скопје, 24 ноември 2023 (МИА) - Секоја карика од системот за безбедно одржување на Министерскиот совет е во функција за да гарантираме беспрекорен тек на настанот, напиша претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи вечерва на Фејсбук по координацијата со Клинички центар.

Триесеттиот Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Настанот, на кој се очекува присуство на делегации од 57 земји учеснички и партнери на ОБСЕ, се одржува во рамки на нашето претседавање со оваа меѓународна организација. дма/бак/

Фото: Фејсбук 

 

 

Остани поврзан