• понеделник, 25 ноември 2024

Османи му изразил сочувство на Дендиас за железничката несреќа

Османи му изразил сочувство на Дендиас за железничката несреќа

Атина, 1 март 2023 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи телефонски разговарал со неговиот грчки колега Никос Дендиас и му изразил сочувство за трагичната железничка несреќа во Грција.

Како што соопштија од грчкото МНР на „Твитер“, Дендиас му се заблагодарил на Османи „за поддршката во овој тежок момент“.

Според последните официјални податоци, во синоќешниот судир на патнички и товарен воз кај месноста Темпи во близина на градот Лариса, животот го загубија најмалку 36 лица, а 66 со повреди се хоспитализирани во грчките болници. ср/дма/

 

Фото: Грчко МНР

Остани поврзан