• среда, 11 септември 2024

Османи: Мостот на Ибар не треба да биде тема на дијалогот со Србија, Вучиќ нема зошто да се прашува

Османи: Мостот на Ибар не треба да биде тема на дијалогот со Србија, Вучиќ нема зошто да се прашува

Приштина, 1 август 2024 (МИА) – Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека прашањето за отѕжворањето на мостот на реката Ибар, кој ги поврзува двата дела на поделениот град Митровица - јужниот населен со Албанци и северниот населен со мнозинство Срби, никако не треба да биде тема на дијалогот со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во реакцијата на нејзината страница на Фејсбук по денешната изјава на портпаролот на Европската унија, Петер Стано, дека прашањето за отворање на мостот и за возила, освен за пешаци, треба да се реши во рамките на дијалогот меѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ, Османи рече дека тоа ќе биде нарушување на суверенитетот, територијалниот интегритет и уставноста на Косово.

Косовската претседателка порача дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ „нема зошто да прашува кога ќе се отворат мостовите за сообраќај во Република Косово“.

Според Османи, единствениот дијалог што треба да се води за мостот е во рамките на Косово меѓу институциите и партнерите „за да се изгради заеднички план за имплементација за отворање на мостот“.

- Прашањето за мостот никако не треба да стане тема на дијалог со Србија. Такво нешто би било сериозно нарушување на суверенитетот, територијалниот интегритет и уставноста на нашата земја. Вуќич нема зошто да се прашува кога ќе се отворат мостовите за сообраќај во Република Косово. Единствениот дијалог што треба да се води е оној внатре во Косово, меѓу нашите институции и нашите безбедносни партнери (особено со НАТО), со цел да се изгради заеднички план за имплементација за отворање на мостот за секаков сообраќај, кој ќе ги има предвид безбедносните проценки и интереси на нашите граѓани, напиша Османи.

Остани поврзан