Османи: Животната средина е наша заедничка одговорност
- Министерот за надворешни работи Бујар Осман, на Денот на планетата Земја, порача дека животната средина е заедничка одговорност.

Скопје, 22 април 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Осман, на Денот на планетата Земја, порача дека животната средина е заедничка одговорност.
-Денес го славиме денот на планетата Земја. Заедно треба да инвестираме во нашата планета, животната средина е наша заедничка одговорност и секој од нас давајќи свој скромен личен придонес може на крајот да помогне да се постигнат големи промени, напиша Османи на „Фејсбук“.ир/вг/