• петок, 22 ноември 2024

Османи во Тунис на Министерската конференција и Самитот на лидери на франкофонијата

Османи во Тунис на Министерската конференција и Самитот на лидери на франкофонијата

Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе учествува на 43-та сесија на Министерската конференција на франкофонијата, што ќе се одржи денеска во Џерба, Тунис, додека утре во Џерба ќе ја предводи делегацијата на Северна Македонија на 18-от Самит на лидери на франкофонијата.

Како што соопшти МНР, во рамки на најголемите два собири на франкофонските земји и во присуство на голем број светски лидери франкофони, Османи ќе се обрати на темите поврзани со иднината и приоритетните цели на франкофонијата и актуелните случувања во светот.
Воедно, во рамки на Самитот на лидери ќе се избира и идниот Генерален секретар на франкофонијата.
Северна Македонија е полноправна членка во Меѓународната организација на франкофонијата. нд/са/

Остани поврзан