• петок, 22 ноември 2024

Османи во БиХ: ОБСЕ обезбеди поддршка за деминирање во околината на Мајевица

Османи во БиХ: ОБСЕ обезбеди поддршка за деминирање во околината на Мајевица

Скопје, 12 мај 2023 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи во улога на претседавач со ОБСЕ денеска на Центарот за отстранување мини на Босна и Херцеговина му донираше две специјализирани возила за деминирање, што ќе работат на отстранување на неексплодираните боеви средства од околината на Мајевица, заостанати од војната 1992-1995.

-Овие специјализирани возила се донација на германската влада и показател дека ОБСЕ обезбедува поддршка, соработувајќи со локалните власти, организациите, погодените заедници и меѓународните партнери, соопшти Министерството за надворешни работи. 

Целосно расчистување на територијата од мини е планирано до 2024 година, а донацијата, наведува МНР, ќе биде од голема важност за да се заврши процесот, како за околното население, така и за деминерите кои работат на терен.

-Постигнувањето на оваа цел е од клучно значење, за луѓето од овој регион да можат да живеат нормално. Со ова испраќаме важна порака дека Мисијата е овде токму „за луѓето“, бидејќи тие ја бараат нашата поддршка. Овде не станува збор само за Мајевица, туку испраќаме силна порака за критичната важност и вредноста на мирот, рече Османи при посетата.

Тој додаде дека Мајевица е еден од ретките примери во БиХ каде општините преземаат конкретни чекори кон помирување. Благодарение на поддршката на Мисијата за унапредување на соработката меѓу општините, посочува МНР, градоначалниците на пет општини во Мајевица покажаа големо лидерство и се здружија за да работат заеднички за доброто на своите граѓани.

-Нивните постапки и вредности совршено се усогласуваат со оние на нашето претседавање со ОБСЕ, а тоа е „За луѓето се работи’“, истакна Османи. хс/нд/

Фото: МНР

Остани поврзан