• недела, 22 декември 2024

Османи: Бугарија не ги спори идентитетските атрибути, договорот е соодветна рамка за решавање на разликите

Османи: Бугарија не ги спори идентитетските атрибути, договорот е соодветна рамка за решавање на разликите
Скопје, 5 февруари 2021 (МИА) - Договорот со Бугарија е соодветна рамка која ги решава разликите меѓу нас и Република Бугарија. Тоа што треба да се направи понатаму е како да се создаде предвидливост и да се врати довербата во тој договор, рече вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи. Според министерот, секој излегување од таа рамка на договорот е враќање во ситуација пред договорот, кога немаше никаква предвидливост во нашите односи. -За жал и поради објективни и субјективни фактори се изгуби довербата дека тој договор ги испорачува резултатите. Јас лично и повеќето од нас сме убедени дека договорот е соодветната рамка која што ги решава разликите меѓу нас и Република Бугарија, изјави Османи во гостувањето во ТВ 24. Тој додаде дека Бугарија не ги спори идентитетските атрубути. Според министерот, нема потреба од никаков страв затоа што никој не може да го оспорува македонскиот јазик и идентитет и тоа го разјасниле со бугарските колеги по серијата средби во изминатиот период. Вели дека каменот на сопнување е нивната позиција по однос на историјата, односно на минатото. -Но, ова е добра појдовна основа да се продолжи понатаму. Успеавме тоа да го разјасниме преку се почестите и појасни позиции на Бугарија дека ниту имаат право да спорат затоа што тоа се права на државите кои произлегуваат од фундаментланто право на самоопределвуање. Државите познаваат држави и после државите сами одлучуваат кој јазик да зборуваат, како се нарекуваат и важно е тоа да го зацврстуваме за да не отвориме дебата понатаму, додаде Османи.бт/са/

Остани поврзан