• петок, 22 ноември 2024

Ослободување на заробени дрвја во Карпош 4

Ослободување на заробени дрвја во Карпош 4
Скопје, 11 мај 2021 (МИА) - Општина Карпош продолжува со акцијата за „ослободување“ на „заробени“ дрвја од градежни материјали. Од Општина Карпош информираат дека овие денови, екипи работат на отстранување на бекатон плочки и асфалт околу 16 дрвја во должина на улицата „Разловечко востание“ во Карпош 4. - Со отстранувањето на градежните материјали, се овозможуваат услови за подобар развој на дрвото и негова поголема функција во апсорбирањето на прашината и штетните гасови. Локалната самоуправа, покрај тоа што води сметка за садење на нови дрвја, во континуитет се грижи и за одржување на постоечкото зеленило и веќе развиените садници, посочуваат од општината.фф/дма/

Остани поврзан