• понеделник, 25 ноември 2024

Осветлен светиот крст кај делчевското село Стамер

Осветлен светиот крст кај делчевското село Стамер
Делчево, 18 јануари 2023 (МИА) – Во делчевското село Стамер осветлен е новопоставениот свет крст пред параклисот „Св. Петар и Павле“. Како што информираа од црковниот одбор, осветлувањето на христијанскиот црковен симбол се реализира со поддршка на локални спонзори и хумани граѓани.
 
-Симболично на денешниот празник зимски Крстовден, го ставивме во функција осветлувањето на крстот пред параклисот „Св. Петар и Павле“ во село Стамер. Во овој дел од Источна Македонија нема ваков црковен украс, а тој отсега ќе го осветлува регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово, како и патот кој води до селото, информираа од црковниот одбор.
 
Оттаму се заблагодарија на сите кои учествуваа во реализација на идејата за поставување и осветлување на самиот крст.
 
-Иако село Стамер долго време немаше православен црковен објект, како што знаете најпрвин се изгради црквата „Св. Еремиј“ во селото. Потоа беше изграден и параклисот „Св. Петар и Павле“ за вечерва да се освети крстот пред самиот параклис. Благодарност до сите кои учествуваа во изградбата на овие објекти кои ќе останат да им служат на христијанските верници од ова село, додадоа од црковниот одбор.
 
Претходно крстот беше осветен од страна на владиката Иларион, а во иднина планирано е доуредување на просторот пред самиот параклис. вс/мд/

 

Остани поврзан