• сабота, 13 декември 2025

Орбан ја повика ЕУ да започне директни преговори со Русија за Украина

Орбан ја повика ЕУ да започне директни преговори со Русија за Украина

Будимпешта, 1 март 2025 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја повика Европската унија да започне директни преговори со Русија за Украина, пренесоа денеска светските медиуми, повикувајќи се на писмото на Орбан до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Орбан се изјасни против напорите на земјите од ЕУ да најдат каков било консензус во врска со Украина, нагласувајќи ја неопходноста од преговори за прекин на огнот, пишува лондонскиот весник „Фајненшел тајмс“.

Според весникот, Орбан го испратил писмото откако официјален Брисел испратил нацрт-заклучоци за претстојниот самит на лидерите на ЕУ. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан