Орбан: Русија ќе биде „реинтегрирана“ во глобалната економија по завршувањето на војната во Украина
- Русија ќе биде „реинтегрирана“ во глобалната економија и во европскиот енергетски систем откако ќе биде постигнат мировен договор за ставање крај на војната во Европа, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Будимпешта, 14 февруари 2025 (МИА) - Русија ќе биде „реинтегрирана“ во глобалната економија и во европскиот енергетски систем откако ќе биде постигнат мировен договор за ставање крај на војната во Европа, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Ако претседателот на САД дојде и воспостави мир, ако се постигне договор, мислам дека Русија ќе биде реинтегрирана во светската економија... во европскиот безбедносен систем, па дури и во економскиот и енергетскиот систем, што ќе даде голем поттик на унгарската економија“, рече Орбан во интервју за Унгарското државно радио.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека и рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски изразиле желба за мир и дека им наредил на американските официјални претставници да започнат преговори за ставање крај на војната во Украина. рп/
Фото: МИА архива