• петок, 22 ноември 2024

Орбан: Интересот на Унгарија е да се избегне воен конфликт

Орбан: Интересот на Унгарија е да се избегне воен конфликт
Будимпешта, 27 февраури 2022 (МИА) - Интересот на Унгарија е да се избегне воен конфликт меѓу Украина и Русија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој повтори дека Унгарија нема да испраќа оружје во соседна Украина, но ќе им помогне на сите бегалци од таа земја.
Орбан изјави за унгарската државна телевизија дека неговата влада ќе се фокусира на интересите на Унгарија и ќе донесе одлуки што ќе им овозможат да останат надвор од конфликтот и дека нема да има санкции чија цена Унгарија на крајот ќе мора да ја плати, дури и ако биде надвор од конфликтот. паг/  

Остани поврзан