• недела, 22 декември 2024

Општи избори во Танзанија

Општи избори во Танзанија
Додома, 28 октомври 2020 (МИА) - Во Танзанија денеска се одржуваат претседателски и парламетарни избори, а опозицијата тврди дека е жртва на манипулации и насилство. Актуелниот претседател Магуфули се бори за втор петгодишен мандат, а негов главен опонент е Тунду Лису. - Животот ми е во опасност, објави денеска еден од лидерите на главната опозициска партија Фриман Мбове, кој тврди дека „вооружени гангстери“, кои ги штити полицијата, упаднале во неговиот хотел и одвеле двајца негови телохранители. Опозицијата тврди дека Владата на популистичкиот претседател ги задушува неистомислениците, медиумите и цивилното општетство. Магуфули го обвинуваат и поради намалување на опасноста од епидемијата со новиот коронавирус. Тој тврди дека вирусот може да биде победен со молитва. Лису во 2017 година преживеа атентат и ја напушти Танзанија. Тој се врати од егзил и се вклучи во предизборната кампања. ми/

Остани поврзан