• четврток, 26 март 2026

Општинскиот Црвен крст Велес реализира успешна акција за собирање на училишен прибор

Општинскиот Црвен крст Велес реализира успешна акција за собирање на училишен прибор

Велес, 2 септември 2025 (МИА) - Општинскиот Црвен крст Велес  на штанд поставен наспроти Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес синоќа  спроведе хуманитарна акција за собирање на училишен прибор. На неа учествуваа граѓани и членови од Мото клубот „Носачи на крстот“ кои ја поддржаа акцијата.

Како што информира денеска Орце Николов секретар на ООЦК Велес, по пребројувањето на доноциите денеска  биле направени 24 целосно комплети со училишен прибор. Во еден комплет има: 1 ранец, 10 тетратки, 4 блокови, комплет фломастери, комплет дрвени бои и темперни бои. Четки, моливи, пенкала, острилки за моливи и гуми за бришење, линијари.

Тој најави за утре поделба на училишните прибори по училиштата во градот, а кои  ќе бидат наменети за ученици од социјално ранливи семејства. ад/

Фото Црвен крст

Остани поврзан