Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Куманово годишно реализира над 50-тина предавања, едукации, дебати
- Трибини, предавања и работилници на теми од областа на врсничко насилство, булинг, јавен ред и мир, говор на омраза, трговија со деца, намалување на деца питачи, се само дел од активностите на Oпштинскиот совет за превенција на детско престапништво на Oпштина Куманово, опфатени во извештајот на Oпштинскиот совет за 2024 година.

Куманово, 22 април 2025 (МИА) - Трибини, предавања и работилници на теми од областа на врсничко насилство, булинг, јавен ред и мир, говор на омраза, трговија со деца, намалување на деца питачи, се само дел од активностите на Oпштинскиот совет за превенција на детско престапништво на Oпштина Куманово, опфатени во извештајот на Oпштинскиот совет за 2024 година. Отсекот за превенција реализираше бројни трибини, предавања за учениците од основните и средните училишта, информираа денеска надлежните. На годишно ниво, Oпштинскиот совет за детско престапништво реализира над 50-тина предавања, едукации.
-Се одржаа тркалезни маси, дебати на повеќе теми врсничко насилство, булинг, правна социјализација односно учење што е прекршок, што е кривично дело, кои се санкциите. Како да не се нарушува јавниот ред и мир. Се одржаа работилници за различни категории ученици, наменети за помалите и поголемите, меѓу „безбедна матура“. Освен советодавна, значајно е што ги едуцираме младите за високите казни за одредени прекршоци, вклучени беа и здравствени работници, социолози, психолози, објасни Лиле Младеновска од Oтсек за превенција од СВР Куманово.
Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска посочи дека е одлично што се запознаваат учениците за овие важни теми, особено во мултиетничка средина какво што е Куманово, заеднички присутни на трибините и споделуваат искуства.
-Многу се важни и опомените, да бидат предупредени за девијантното однесување. И важно е да се повикаат родителите на учениците кои се прекршители, повика Ѓорѓиевска. дма/
Фото: МИА