• петок, 18 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Општина Ѓорче Петров: Во рок од пет дена да се врати првобитната состојба урнатиот ѕид од зградата и да се обезбеди сигурноста на околната градба

Општина Ѓорче Петров: Во рок од пет дена да се врати првобитната состојба урнатиот ѕид од зградата и да се обезбеди сигурноста на околната градба

Скопје, 11 април 2025 (МИА) - Овластен градежен инспектор од Општина Ѓорче Петров извршил вонреден инспекциски надзор и увид на лице-место на локацијата каде вчера при бетонирање на платно кое е дел од вертикална комуникација на источна страна од градилиште (на самата меѓа со сосед станбена зграда на ул.„Партизански одреди“ бр.165) пробиен е дел од фасаден ѕид на соседна зграда, соопштија денеска од Општина  Ѓорче Петров.

-Констатирани се неправилности, изготвен е Записник од извршен инспекциски надзор и донесено е Решение со кое на инвеститорите им се наредува веднаш да ја прекинат натамошната изградба на објектот од втора категорија со намена А2 – колективна станбена зграда на улица „Партизански Одреди“ бр.бб, во рок од пет дена да го вратат во првобитна состојба фасадниот ѕид на соседниот објект и веднаш да ја обезбедат сигурноста на околната градба, се наведува во соопштението. дма/лв/

Фото: Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан