Општина Штип ја чека одлуката од Владата за земјиштето за поставување на типските куќи
- Четириесетина семејства ќе бидат сместени во типските куќи, но државните институции ќе мора да им најдат решение и на жителите кои не се од Штип и незаконски и времено се сместени во старите објекти кај старото нервно одделение во Штип. Градоначалникот, Иван Јорданов денеска за реализација на проектот типски куќи за ромските семејства од оваа локација изјави дека целиот европски проект мора да биде завршено во текот на оваа година, бидејќи паралелно треба да се работи на булеварот „Партизанска“.
Штип, 26 јануари 2024 (МИА) - Четириесетина семејства ќе бидат сместени во типските куќи, но државните институции ќе мора да им најдат решение и на жителите кои не се од Штип и незаконски и времено се сместени во старите објекти кај старото нервно одделение во Штип. Градоначалникот, Иван Јорданов денеска за реализација на проектот типски куќи за ромските семејства од оваа локација изјави дека целиот европски проект мора да биде завршено во текот на оваа година, бидејќи паралелно треба да се работи на булеварот „Партизанска“.
Документацијата за проектот за типските куќи е завршена, а општината чека одлука од Владата за доделување на земјиштето во сопственост на Општина Штип. Јорданов вели дека штом ќе се случи тоа, тие ќе го распишат тендерот за изградба и поставување на типските куќи, а избраниот економски оператор ќе почне да работи.
-Проектот е завршен, се чека само одлука на Влада, согласноста е испратена пред неполн месец. Стапивме веќе неколкупати во контакт со претставници од Секретаријатот во Влада, штом ја добиеме согласноста дека земјиштето на коешто се предвидува поставувањето на типските куќи е отстапено на Општина Штип, веднаш распишуваме тендер, што не е врзан со изборите затоа што тоа се европски средства. Ќе се избере економски оператор којшто ќе ги изработи и постави тие типски куќи. Дел од жителите коишто времено се сместени овде, да бидат дислоцирани на таа локација, вели Јорданов.
Типските куќи ќе бидат изградени во реонот на Света Недела, а проектот е вреден околу 600.000 евра или 30.000.000 денари. вдј/сст/
Фото: МИА