• петок, 17 април 2026

Општина Центар ја спроведе пролетната дератизација, опфатени 2 000 шахти на целата територија

Општина Центар ја спроведе пролетната дератизација, опфатени 2 000 шахти на целата територија

Скопје, 27 март 2026 (МИА) - Општина Центар ја заврши редовната пролетна дератизација на целата територија, како дел од активностите за одржување високо ниво на јавна хигиена и заштита на здравјето на жителите.

Во рамки на акцијата, како што соопштија од локалната самоуправа, беа опфатени околу 2.000 шахти, со поставување специјални препарати за контрола и уништување на глодари.

Дератизацијата се реализира два пати годишно – во пролет и во есен, како превентивна мерка за планско намалување на популацијата на глодари и заштита на јавното здравје.

„Со превентивна и систематска дератизација придонесуваме кон планско сузбивање на штетните глодари кои можат да претставуваат здравствен и хигиенски ризик“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Фото: Општина Центар - Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан