• недела, 30 јуни 2024

Општина Центар се приклучува на акцијата за собирање кабаст отпад

Општина Центар се приклучува на акцијата за собирање кабаст отпад
Скопје, 11 мај 2021 (МИА) – Општина Центар се приклучува на акцијата на ЈП „Комунална Хигиена Скопје“ за собирање на кабаст отпад во општината, од 18 до 22 мај. -Садовите за собирање на кабастиот отпад ќе бидат поставени на четири локации, паркингот на ЈП „ПОЦ“ спроти Веро Џамбо, улица „Питу Гули“ кај маркетот Тинекс, чистинката кај контејнерите пред влезот на училиштето „Ј.Х. Песталоци“ и кај кружниот тек, кај контејнерите во Дебар Маало, информира Општина Центар. Од Општината апелираат до жителите кабастиот отпад да го одложуваат на места специјално означени за тоа, наместо да го остават до контејнери, јавни површини или во дивите депонии. ки/лв/

Остани поврзан