• недела, 22 декември 2024

Општина Центар продолжува со интензивно одржување на јавната хигиена, миење и чистење на улиците, контејнерите и урбаната опрема

Општина Центар продолжува со интензивно одржување на јавната хигиена, миење и чистење на улиците, контејнерите и урбаната опрема

Скопје, 18 јули 2023 (МИА) - Општина Центар продолжува со интензивно одржување на јавната хигиена, миење и чистење на улиците, контејнерите и урбаната опрема. Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски најави наводнување на садниците и миење на улиците и контејнерите доцна попладне особено за време на екстремно високите температури.

Од Општина Центар информираа дека денеска цистерна ги миела улиците и контејнерите зад Универзалната сала, кај Вучко во населба Буњаковец и кај ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, а утре ќе продолжи во Дебар Маало.

- Години наназад не ги гледаме градските цистерни по улиците кои ја миеја прашината и ги освежуваа улиците. Прашината која не ја гледаме но ја дишеме всушност е дел од севкупното загадување и затоа е неопходно нејзино миење. Цистерната на ЈП „ПОЦ“ секое утро и попладне особено за време на овој бран со екстремно високи температури ќе поминува во сите населби и ќе ги мие локалните улици. Одржувањето на јавната хигиена мора да продолжи затоа денеска попладне цистерната беше активна во Буњаковец, изјавил Герасимовски.

Цистерната на Општина Центар, се наведува во соопштението, активно ги миеше улиците и минатата недела кога градоначалникот Герасимовски најави самостојно чистење на општината поради застојот на работата во градското претпријатие „Комунална хигиена“. цр/са/

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан