Општина Центар: ПОЦ и „Паркови и зеленило“ ги отстрануваат двете паднати дрвја во близина на училиштето Киро Глигоров
- Улицата е непроодна за возила додека не завршат активностите, а се очекува дрвјата да бидат целосно отстранети во рок од еден час.
Скопје, 27 октомври 2025 (МИА) - Општина Центар информира дека во моментов екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на отстранување на двете паднати дрвја во близина на ООУ „Киро Глигоров“, се наведува во соопштението од Општина Центар, што МИА го пренеува интегрално.
Улицата е непроодна за возила додека не завршат активностите, а се очекува дрвјата да бидат целосно отстранети во рок од еден час.
Фото: Општина Центар