• среда, 29 јануари 2025

Општина Тетово организира состанок на Унијата на турските општини во светот

Општина Тетово организира состанок на Унијата на турските општини во светот

Тетово, 29 јануари 2024 (МИА) – Општина Тетово денеска беше домаќин на состанок на градовите кои се дел од Унијата на турските општини во светот. Според тетовскиот градоначалник Биљал Касами, Општината Тетово има долга соработка со општини во Турција и со општини членки на оваа Унија и има конкретен пример за меѓународна соработка.

 - Претседателот на Унијата директно придонесе во минатото на Тетово се донираат околу 100 контејнери кога најмногу и треба на Тетово за да се изменаџира со отпадот. Работиме за реализација на други проекти со Унијата и со одредени општини, по-конкретно за еден центар за природните науки, каде нашите ученици од основно и средни образование ќе ги добијат основните и практичните знаења од овој центар. Таков пример, има повеќе во Турција кои се основани од општините. Исто така, со големо задоволство, сакам да ги информирам граѓаните дека со претседателот веќе договоривме дека ќе се врати уште еден голем и значаен проект за Тетово а тој е изградба на Саат кулата во центарот на Тетово каде што и беше. Проект кој пред многу години беше договорен меѓу Општина Тетово и Општина Коња, но за жал од претходните власти тоа беше суспендиран, изјави Биљал Касами.

На новинарско прашање зошто има потреба да се гради Саат кула од едно минато време, кога вчера Касами кажа дека не треба да се биде заложник на минатите времиња и треба да се сменат имиња на улици, тој рече дека Саат кулата била симбол на градот.

 - Зборуваме за еден објект кој беше симбол на Тетово. Саат кулите се симболи на градовите секаде каде што се, кај што биле. Ние се обидуваме да го вратиме идентитетот и да ги вратиме културните обележја во градот Тетово и тоа се сигурно се во правец на покажување на нашето минато кое сигурно е многу важно. Што сè однесува до тоа што дадов коментар во врска со имињата, ние сме свесни дека неколку имиња од тој период, од тој систем не се баш добредојдени првично за македонскиот народ, а после и за другите народи. Тој период не беше светол период за граѓаните на Македонија, посебно за Македонците и за другите, затоа што има многу Македонци кои беа принудени, пратени во Голи оток и во други затвори заради тоа што ги искажа своите национални чувства. Затоа, не го кажав само од аспект на Албанците или од други заедници, го кажав од аспект на тоа што Македонија не беше најсреќна и Македонците, Албанците и другите заедници не беа најсреќни кога живееја во тој период. Затоа се надевам дека ќе се рефлектира во тој однос и ќе имаме предвид дека Македонија е во овој период и ориентирана кон Европа и така треба да се однесува, одговори Касами.

Тетовскиот градоначалник информираше дека од Општина Коња добиле донација од 100 илјади евра за инвестирање во подобрување со вода доброволно се откажале од тие пари со цел средствата да се префрлат градовите кои беа нели погодени од земјотресот.

Претседателот на Унијата и градоначалник на општината Коња во Турција, Угур Ибрахим Алтај, рече дека оваа асоцијација е формирана во 2003 година и сега членуваат 1200 општини низ светот.ас/са/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан