• четврток, 18 декември 2025

Општина Струга подготвена за справување со предизвиците во текот на туристичката сезона

Општина Струга подготвена за справување со предизвиците во текот на туристичката сезона

Струга, 10 јули 2025 (МИА) - Предизвиците со кои се соочува Струга во текот на летната туристичка сезона биле главна тема на денешниот координативен состанок на градоначалникот Рамис Мерко со претставници на сите реевантни институции во градот.

На состанокот, како што соопшти Општина Струга, се дискутирало за питачите на градските улици, бездомните кучиња, опасноста од пожари на отворен простор, управувањето со паркинзите, како и функционирањето и одржувањето на јавното улично осветлување.

- Учесниците ја истакнаа својата подготвеност за меѓусебна соработка и преземање конкретни мерки за решавање на овие проблематики, со цел одржување на јавниот ред, безбедноста и благосостојбата на граѓаните и посетителите во Струга. Упатен е апел до граѓаните да бидат внимателни и да соработуваа: да избегнуваат палење огнови во природа, да го пријават секое сомнително или опасно однесување, како и да ги почитуваат правилата за паркирање и јавниот ред, стои во информацијата.

Ги охрабруваат граѓаните веднаш да пријават секаков проблем поврзан со јавното осветлување, со цел да се обезбеди побезбедна околина во ноќните часови.

Надлежните институции информираат дека ќе преземат соодветни законски мерки против лицата кои нема да ги почитуваат прописите и законите, нагласувајќи дека одговорноста ќе биде индивидуална и во согласност со важечките законски одредби.

Општина Струга, во соработка со сите релевантни институции, ќе продолжи посветено да работи за обезбедување мирна, безбедна и организирана туристичка сезона за сите. сс/дма/

Фото: Општина Струга

Остани поврзан