• четврток, 04 декември 2025

Општина Струга доби машина за чистење улици и цистерна за нивно миење  

Општина Струга доби машина за чистење улици и цистерна за нивно миење  

Струга, 26 ноември 2025 (МИА) - Машина за чистење улици и цистерна за миење улици доби денеска Општина Струга во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот – фаза 2“, којшто Општината го реализира во партнерство со Амбасадата на Шведска во Скопје и Канцеларијата на УНДП.

Опремата беше предадена при денешната посета на постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Грегоријан. На средбата, како што информира Општина Струга, било договорено да се реализира набавка на помала цистерна за чистење и за помалите улици во градот и селата.

- Со оваа опрема, тимот на јавното претпријатие „Комунално“ ќе придонесе кон подобрување на урбаната хигиена и квалитетот на воздухот во градот, соопшти Општина Струга.

За ефективно користење на опремата, била организирана обука за вработените во јавното претпријатие „Комунално“, кои ќе работат со двете нови машини. сс/бак/

Фото: Општина Струга

Остани поврзан