• понеделник, 23 декември 2024

Општина Радовиш воведе систем „48 часа“

Општина Радовиш воведе систем „48 часа“
Радовиш, 18 октомври 2022 (МИА) - Општина Радовиш воведе систем „48 часа“ за подобрување на ефикасноста и транспаретноста на јавно достапните услуги и подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните. Преку овој систем граѓаните можат да ги пријават проблемите кои се во надлежност на локалната самоуправа, но и други во текот на 24 часа секој ден. По пријавувањето на проблемот или барањето надлежните служби треба да излезат на терен и да го решат. Во информацијата од Општина Радовиш им се посочува на граѓаните дека проблемите можат да ги пријавата преку формата за контакт „систем 48“ или директно преку електронска пошта. рт/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан