• среда, 26 јуни 2024

Општина Новаци го реконструира газилиштето на река Елешка

Општина Новаци го реконструира газилиштето на река Елешка

Новаци, 31 август 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски и претседателката на советот на Општина Новаци, Славица Најдовска Стојковска извршија увид на санираното и реконструирано газилиште на река Елешка кај село Гермијан. Станува збор за проект за кој средствата во висина од 988.047  денари се обезбедени од Програмата за фосилни горива на Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Направена е санација и реконструкција на постоечкото газилиште на река Елешка кое при секое надоаѓање на реката беше оштетувано. Извршена е реконструкција при што се направени пристапите од лева и десна страна со бетонска темелна плоча, армиран бетон и поставени се цевки Ф800 за пропуст на водата, информира Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Изведувач на градежните работи е Винил Електрик ДООЕЛ Битола.мт/

Остани поврзан