• недела, 22 декември 2024

Општина Неготино ќе надоместува трошоци за купен клима уред во износ од 7.000 денари 

Општина Неготино ќе надоместува трошоци за купен клима уред во износ од 7.000 денари 

Неготино, 26 септември 2024 (МИА) - Општина Неготино ќе надоместува трошоци за купен клима уред во износ од 7.000 денари, информираа денеска од неготинската локална самоуправа.  

- Општина Неготино објавува јавен повик за субвенционирање на поставување инвертер клима во домаќинствата во општината за 2024 година. Имено, со цел да се стимулираат граѓаните за употреба на инвертер клима во своите домови, поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на граѓаните кои ќе купат клима по јавниот повик,  ќе им се надоместат трошоците направени при набавката на уредот, во износ од 7.000 денари во нето износ по домаќинство, соопштија од Локална самоуправа Неготино. 

Јавниот повик ќе трае заклучно со 26 октомври или до исцрпување на предвидените финансиски средства од буџетот на Општината за оваа намена.

- Документите можат да се доставуваат од утре, до архивата на Општината, а доколку бидат исцрпени сите финансиски средства за оваа намена, ќе ја информираме јавноста дека јавниот повик е прекинат. Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање по датум, час и минута на аплицирање, заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата, појаснија од локалната самоуправа. 

Оттаму додадоа дека подетални информации, може да се најдат на официјалната веб страница на Општина Неготино. свд/сст/

Фото : МИА архива 

Остани поврзан