• среда, 15 мај 2024

Општина М. Каменица двојно ја зголеми сумата за поддршка на првото новороденче во 2021

Општина М. Каменица двојно ја зголеми сумата за поддршка на првото новороденче во 2021
Македонска Каменица, 8 јануари 2021 (МИА) - Општина Македонска Каменица двојно го зголеми износот за поддршка на првото новороденче во годината. Ова денеска го соопшти градоначалничката Соња Стаменкова која оствари средба со таткото на првороденото бебе во 2021 година, на кого му го врачи чекот со наградата. - Денеска во мојот кабинет остварив прием и средба со нашиот сограѓанин Сашко Гоцевски, татко на Анелиа, првото новороденче во 2021 година. Упатувајќи честитки до семејството Гоцевски за нивната трета рожба, искажав желби за нивно добро здравје, многу радости и среќа во животот. Во име на општина Македонска Каменица им врачив пригодни подароци и вредносен чек од 20 илјади денари, наместо досегашните 10 илјади кои се додлуваа претходно, истакна Стаменкова. Според Програма за новороденчиња на Македонска Каменица, освен зголемувањето на средствата за првородено дете во годината, Општината ќе ја зголеми и поддршката за секое новороденче родено во 2021 година. - Наместо поранешните 6.000 денари, ставката за поддршка на новороденчињата ја покачивме на 10 илјади денари. Сметаме дека на тој начин ќе дадеме мал придонес и поддршка за семејствата со новороденче, додаде Стаменкова. Првото бебе во Македонска Каменица е девојче кое се роди на 2 јануари 2021 година. вс/ки/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан