• петок, 22 ноември 2024

Општина Македонска Каменица од почетокот на годинава постапила по повеќе од 100 барања на граѓаните

Општина Македонска Каменица од почетокот на годинава постапила по повеќе од 100 барања на граѓаните
 Македонска Каменица, 2 март 2022 (МИА) - Општина Македонска Каменица од почетокот на годинава постапила по повеќе од 100 барања на граѓаните, кои во рамки на средбите со градоначалникот, побарале решавање на дел од проблемите со кои се соочуваат во средините каде живеат. Во таа насока како што информираа општинските власти во моментов пристапено е кон решавање на дел од проблемите во село Косевица. -По одржаната средба со жителите на село Косевица констатирано е дека има потреба од изградба на фекална канализација. Од таа причина во моментов во тек се градежни активности за изградба на фекална канализација во маала Чутурање во ова село, истакнаа од општината. Целта на ваквите средби како што додадоа е да нема заборавени средини. -Сите ќе ги посетиме и ќе ги решаваме проблемите на сите наши сограѓани. Досега опфативме околу 100 барања на граѓаните, а се разгледуваат можностите за успешна разврска на уште триесетина, додадоа од општината. Оттаму напоменаа дека за најголем дел од реализираните проекти обезбедени се средства од општинскиот буџет. вс/вј/

Остани поврзан