• недела, 22 декември 2024

Општина Македонска Каменица го избра најповолниот понудувач за изградба на фекална канализација во село Моштица и дел од градот

Општина Македонска Каменица го избра најповолниот понудувач за изградба на фекална канализација во село Моштица и дел од градот

Македонска Каменица, 2 октомври 2024 (МИА) - Општина Македонска Каменица го избра најповолниот понудувач за изградба на фекална канализација за дел од село Моштица и за дел од Македонска Каменица - Крак 3. Информацијата денеска ја соопшти градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски кој информираше дека за реализација на активноста е одбрана најниската понудена цена. 

-Друштво за производство трговија и услуги ВОД - ВАР ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје, со најниската понудена цена од 4.603.176,90 денари, ќе ја реализира оваа важна инфраструктурна инвестиција.
Со оваа одлука, општината остварува заштеда на финансиски средства од 583.264,00 денари, информираше Атанасовски.

Средствата, како што додаде тој, општината ќе ги насочи кон други важни проекти за подобрување на квалитетот на живот на сите наши граѓани.

-Изградбата на фекалната канализација е од клучно значење за заштита на животната средина и зголемување на хигиената во овие приградски и рурални населени места. Оваа инвестиција ја приближува Општина Македонска Каменица кон повисоки и европски стандарди за живеење, додаде каменичкиот градоначалник.

Најави дека Општината ќе продолжи посветено да работи на континуирано подобрување на условите за живеење на сите граѓани од Општина Македонска Каменица. вс/сст/

 

Фото: Општина Македонска Каменица
 

Остани поврзан