• вторник, 27 јануари 2026

Општина Куманово избрана како еден од 62-тa европски региони за имплементација на проектот „Pathways2Resilience”

Општина Куманово избрана како еден од 62-тa европски региони за имплементација на проектот „Pathways2Resilience”

Куманово, 27 јануари 2025 (МИА) - Општина Куманово е избрана како еден од 62-та региони во Европа кои се дел од престижната програма „Pathways2Resilience“, финансирана од Европската Унија за адаптација на климатските промени. Проектот започнува со имплементација во јануари годинава и ќе трае 18 месеци, односно до јули 2027 година.

-Главна цел на овој проект е да ја зголеми отпорноста на регионите и локалните заедници кон климатските промени, преку развој и спроведување на стратегии за климатска адаптација. Програмата има за цел да ја подобри подготвеноста на општините за справување со климатските ризици, како што се топлотни бранови, поплави и суши, преку интегрирано планирање, размена на знаења и вклучување на заедницата, информираа од општина Куманово.

Со учеството во овој проект Општина Куманово ќе има можност да изработи сеопфатна стратегија за климатска отпорност, како и акционен и инвестициски план за намалување на негативните ефекти од климатските промени и зголемување на одржлив развој на локално ниво.ам/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан