• петок, 22 ноември 2024

Општина Кисела Вода: Улиците во општината се перат со цистерни

Општина Кисела Вода: Улиците во општината се перат со цистерни

Скопје, 15 јули 2024

Се перат улиците во Кисела Вода. Со цистерни, Општина Кисела Вода од денес започна со активности за чистење на наталожената прашина на сообраќајниците, кои се извор на емисии во амбиентиот воздух. Чистите улици значат подобра хигиена и помал ризик од ширење на болести. Ова е особено важно во урбаните средини каде што секојдневно се движат голем број луѓе.

– Денес започнавме со перење на улиците во Кисела Вода, ефикасна и потребна мерка за одржување на чистотата и хигиената, заштита на здравјето на граѓаните и подобрување на квалитетот на животот во нашите населби и населени места. Со перењето на улиците се отстрануваат насобраните нечистотии, прашина и отпадоци. Ова не само што придонесува за поубав изглед на урбаните средини, туку и го намалува ризикот од респираторни заболувања предизвикани од вдишување на прашина и други алергени. Дополнително, истото помага во спречување на ширењето на штетни бактерии и вируси, особено во топлите месеци кога тие се размножуваат побрзо. Ова е особено важно за заштита на здравјето на најранливите категории на населението, како што се децата и постарите лица. Покрај тоа, цистерните со вода го разладуваат асфалтот, што е посебно важно во овој период кога температурата секојдневно надминува 40 степени. Одржувањето на хигиената е поставено високо во мојата стратегија на делување и ваквите и слични мерки ќе продолжат и во наредниот период, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

Општина Кисела Вода

_____________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан